Реал Мадрид на домашен терен на ,,Сантјаго Бернабеу” ќе го одигра реваншот од полуфиналето на Копа Дел Реј против Барселона каде што првиот меч заврши со резултат од 1:1. На ,,кралевите” освен купот ги очекува и првенствен натпревар против Барселона.
Во пресрет на ,,Ел Калсико” со свое размислување и изјава излезе младиот бразилец Винициус Јуниор, кој вели дека со оптимизам и со нетрпение ги чека дуелите против каталонскиот тим и дека ниту се плаши од Меси ниту од останатите противнички фудбалери зошто Реал Мадрид е голем тим и ги има најдобрите фудбалери на планетата.



