Ракометарите на Мотор Запорожје славеа убедливо над Скјерн од Данска со 33-23 во 13 коло од Лигата на шампионите. Со оваа победа Мотор си обезбеди место во осминафиналето.
Нашиот репрезентативец Жарко Пешевски постигна 2 гола, додека најдобар стрелец во Мотор беше Пуховски со 8 голови. Кај Скјерн се истакна Егерт со 5 голови.



