Манчестер Сити го освои англискиот ,,Карабао куп” во финалето против Челзи беа посреќни во пенал рулетот со резултатод 4:3. Натпреварот беше сосема поинаков од неодамна одиграниот во првенството каде што ,,Ѓраѓаните” ги декласираа сините од Лондон со високи 6:0.
Првото полувреме не донесе никакви возбудувања и сериозни шанси за гол. И во второто полувреме Манчестер Сити го имаше поседот на топката и повеќе удари кон противничкиот гол, но ретко кој шут завршуваше директно во рамките на голот на Челзи.
Најсериозна шанса за Челзи беше во контра нападот кој ја предводеше Хазард и асистираше до Канте кој шутираше над голот на Едерсон. По регуларните 90 минути резултатот гласеше 0:0 и се влезе во продолженија два пати по петнаесет минути каде што две шанси имаше Сити преку Агуеро кој не успеа да ги реализира.
Пред да започне пенал серијата менаџерот на Челзи, италијанецот Сари сакаше да направи измена меѓу голманите и место Аризабалага да настапи Кабаљеро, но шпанскиот голман ја игнорираше одлуката на Сари и дојде до нервоза на клупата на Челзи. Во пенал рулетот посреќни и поуспешни беа фудбалерите на Манчестер Сити и на Пеп Гвардиола го израдуваа со нова титула. Во прилог и пенал серијата:



