Кога ќе се постигне погодок во ,,Ел Класико” фудбалерот има многу поважен статус кај тренерот и навивачите. Но не е таков случајот со бразилецот Малком кој постигна израмнувачки гол против Реал Мадрид во полуфиналето на Копа Дел Реј каде што претходно резултатот го отвори Лукас Васкез.
После тоа дерби Малком постојано ја грее клупата за резерви и не добива ниту минута помината на терен од тренерот Ернесто Валверде. Фудбалерот ја обработува првата година од престојот во Барселона каде што дојде од тимот на француски Бордо и до сега во Примера има вкупно одиграно 128 минути на терен. За неговата позиција уште конкурираат Осман Дембеле и Филип Кутињо, што значи ќе му биде многу тешко да избори првотимски статус во Барселона.



