Tатран Прешов во четвртото коло од плеј-офот на Словачка стигна до четвртата победа. Вчера тие славеа против тимот на Бистрица со 38:27 (полувреме 18:13). Нашиот ракометар Никола Костески повторно беше еден од најдобрите во тимот на Славко Голужа со 4 постигнати голови. Најефикасен играч на овој натпревар беше Јакуп Хрстка со 7 голови.



