Македонскиот преставник РК Еурофарм Работник настапува во групната фаза на ЕХФ купот кој е втор по квалитет во Европа. Еурофарм загуби на гостувањето во Хрватска, против тимот на Нексе Нашице со резултат од 23:18 на полувреме 10:10.
По првите 30 минути биталчани имаа егал натпревар играа борбено и дисциплинирано, а во вториот дел се што градеа во првиот дел веднаш на стартот домашните ракометари со фуриозна игра стигнаа до предност која не ја успештија до крајот на мечот.
Во победничкиот табор на Нексе Нашице најдобри поединци беа Шипич со 7 гола, додека помош доби во Јелиниќ кој постигна 4 гола. Во составот на Еурофарм Работник Чаневски имаше одлична партија со 11 интервенции, а во поле Остроушко постигна 6 гола и Кузмановски со 3 гола недоволно да се извлече поволен резултат.



