Во рамките на 27. коло од англиската Премиер лига Вест Хем го совлада Фулам со резултат од 3:1. Човекот на одлука е Ернандез Хавиер или попознат како Чичарито кој постигна израмнувачки гол во 29. минута, откако со голот на Бабел од 4. минута гостите имаа почетно водство.
Чичарито во таа 29. минута беше најслаодлив каде со брза реакција и итрина во стилот на Марадона постигна гол со рака кој не беше забележлив ниту за фудбалерите во поле ниту пак за судиите на натпреварот.
Од посилните првенства во Европа само во Англија нема Вар-технологија и затоа со контроверзен потег се стигна до резултат од 1:1, а потоа домашните фудбалери со уште два нови гола во 40. минута и во последните моменти од мечот со головите на Диоп и Антониот Вест Хем дојде до пресврт за нови три бода.
Видео: Чичарито постигна гол во стилот на Марадона



