По повеќе од 20 години, членовите на една од култните македонски рок групи, „Ласт eкспедишн“ објавија нова песна „Хеј хо“ (Hey Ho). Музиката и текстот за оваа песна ги напиша фронтменот и главен вокал на бендот, Енес Хаџиќ-Енко. Аранжманот е дело на сите членовите на групата, додека песната е снимана во музичкото студио „Тра Ла Ла“.



