понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#477 – Доверба

„Довербата се гради со години, но можете да ја изгубите за само еден час/ден” – ова ми го кажа Загорка, мојата класна уште кога бев 4-то одделение. И од тогаш ова постојано ми заѕвонува во глава и никако да ми искочи.

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
февруари 20, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Во ова време кое е повеќе невреме, довербата е на толку ниско ниво, да можам да кажам дека е сведена на нула. Никој никому не верува и ако треба да верува, се наоѓаат изговори како да не се верува на другата страна. Од старт влегуваме со недоверба на работите и колку и да нè уверуваат во спротивното, едноставно не ни сакаме да помислиме дека е поинаку туку едноставно, си тераме со недоверба. И ако се случи нешто, си се оправдуваме со моментот: ете, знаев дека не треба да му/и верувам, а всушност не сме ни свесни дека сами си го повикуваме тоа за да си се оправдаме и да си потврдиме дека сме биле во право.
Но, како да ја вратиме или задржиме довербата?
– Сигнали – внимавајте какви сигнали испраќате на луѓето околу вас затоа што според нив луѓето ве одредуваат. Ако сте декларативни во определбите, така и ќе ве разберат. Испраќајте сигнали на доверба и желба за верба во луѓето и она што го правите.
– Претпоставки – немојте да претпоставувате туку прашувајте. Претпоставките се основа на секој проблем. И уште згора на тоа, ако тргнете со претпоставка на недоверба за другата страна, е тогаш сигурно ќе се појави проблем!
– Други перспективи – бидете отворени и за други перспективи и размислувања, па дури и различни од вашите. Не значи дека сте вие секогаш во право, можеби она што имаат да ви кажат е ОК.
– Светот во кој живеете – немојте да живеете само во својот свет на заблуди и недоверба. Светот и не е толку лошо и расипано место за живеење, а доколку и вие кажете дека светот е едно расипано место за живеење, па автоматски и луѓето во него, тогаш тоа не е добро за вас…
– Вештини – развивајте вештини на доверба прво кај себе, па после кај другите. Вештини на меѓучовечки релации и способност за функционирање во група, а не сам, вештини на отворена комуникација со самите себе, па и со сите околу вас.
– Слушање – слушајте со почит и со целосно внимание. Бидете емпатични и сензитивни со потребите на другите околу вас и јакнете ја довербата кон вас со тоа што ќе дозволите луѓето да ви доверуваат работи, затоа што знаат дека ќе ги разберете.
– Кредибилитет – признајте кога ќе направите грешка (луѓе кои се секогаш во право иритираат), признајте кога нешто не знаете (човечки е да не знаете сè во животот) и секогаш зборувајте ја вистината (основа за да имате кредибилитет кај некого). Ако едно од овие свети тројства го немате или е намалено, кредибилитетот ви е ставен под знак прашање!
Довербата е основа за безбедно и продуктивно опкружување, како дома, така и на работа и има моќ да промени многу работи. Се надеваме дека овие совети ќе ви дадат корисни идеи како да се движите кон поотворена и доверлива околина. Довербата ја градиме уште од мали нозе, па промените кои ќе се случат кај вас, пренесете ги и на помалите.
Со успех во промените
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) “Лудите Русинки” се забавуваат на замрзнатиот Владивостoк

Следна вест

(Видео) По 20 години нова песна на рок групата “Last Expedition”

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

(Видео) По 20 години нова песна на рок групата "Last Expedition"

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.