Хрватскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона од средниот ред, Иван Ракитиќ на лето ќе потпише за Интер за сума од 40 милиони евра, пренесува италијанскиот медиум ,,Gazzetta dello Sport”. Интер првобитно нудел 35 милиони евра, од друга страна Барселона барала 10 милиони евра повеќе, па двата клуба пронашле заеднички јазик и се договориле за 40 милиони евра.
Челниците на Интер, Џузепе Марота и Пјер Аусилио со раководниот тим на Барселона тајно се состанале и ја договориле соработката. Иван Ракитиќ во каталонскиот тим е веќе четири и пол години, во кој што освои три титули во Примера, Лига шампиони, четири куп титули, два супер купа во Шпанија, УЕФА супер куп и Светско клупско првенство. А има настапувано и за Шалке 04, Севилја и Базел.



