Женскиот Фудбалски Клуб Прилеп во период од 21 до 23.02 ќе го нагости шампионот на Црна Гора тимот на ЖФК Брезница кој се повеќе кратни шампиони на својата земја во женски фудбал. Договорени се две пријателски средби помеѓу двата клуба и тоа во следниот утврден термин:
ЖФК Прилеп-ЖФК Брезница Петок 22.02 во 15 часот.
ЖФК Прилеп -ЖФК Брезница Сабота 23.02 во 11 часот.
Натпреварите ќе се играат на стадионот со вештачка трева во Прилеп.
,,Чест ние што како клуб кој што игра прва сезона во женскиот фудбалски шампионат и постои само 8 месеци да имаме за гости вака реномирана фудбалска екипа од регионот,екипа со која што почнуваме нова соработка со цел да собираме искуство од успешни фудбалски колективи за во иднина да напредуваме како клуб,чекор по чекор со посветена работа со точко зацртани цели и да направиме добри резултати и оатавиме белек во женскиот фудбал кај нас” – Претседател на ЖФК Прилеп, Славчо Ѓорѓијоски.



