На стадионот ,,Ванда Метрополитано” на мегдан ќе излезат на првиот 1/8 финален дуел Атлетико Мадрид и Јувентус. Роналдо повторно се враќа во Мадрид, но овој пат кај ,,Озогласениот” градски ривал на ,,Кралевите” и повторно ќе има директен дуел против еден од најдобрите дефанзивци Диего Годин.
Симеоне нема да отстапува од својот стил на игра, односно ќе се постави дефанзивно, каде што првенствено ќе се затвори приодот кон голот, а дури потоа ќе чекаат грешка на противникот за реализација за гол.
И тимот на Јувентус во нокаут фазите од Лига шампиони не е секогаш ориентиран кон напаѓачки фудбал, но кога во навалната линија еден тим ги има фудбалерите од типот на Дибала, Роналдо и Манџукиќ во тој случај нападот на противникот е неизбежен сегмент од играта.
На вториот вечерашен натпревар на ,,Велтинс арена” тимот предводен од клупата Пеп Гвардиола ќе се обиде уште на првиот меч да ги разреши сите дилеми за патникот во 1/4 финалето. Манчестер Сити се бори на сите натпреварувачки фронтови и ќе им биде многу полесно за реализација на планот на освојување на сите трофеи сезонава ако против Бундеслигашот на негов терен дојдат до победа.
Шалке 04 ќе се обиде адекватно да се спротистави, да пружи отпор и да докаже дека не случајно се најдоа во нокаут фазата во најелитното европско клупско натпреварување. Од друга страна со својот германски менталитет и упорност може да биде ,,Тврд” противник на ,,Граѓаните” од Англија.



