Словенецот Лука Дончиќ игра фантастично во првата своја дебитантска сезона во НБА лигата во дресот на Далас Маверикс, а малку недостагаше да ги брани боите на Атланта Хоукс. Тимот на Атланта на минатогодишниот драфт го имаше третиот пик, а Далас петиот пик, но Атланта го направи погрешниот потег затоа што го пропушти Дончиќ во замена на еден од првите пет пика на следниот драфт.
Се чини дека Хоукси со изборот на Траи Јанг го направија погрешниот избор од денешна перспектива. Целата ситуација ја објасни во интервју генералниот менаџер на Атланта Хоукс во која вели: ,,Не знаат сите, но ако го задржевме правото на третиот пик сигурно ќе го изберевме Дончиќ, ние разговаравме со неговиот агент, дури и кошаркарот беше на лекарски прегледи со нас, но во тој момент ни се јавија од Далас и ни ја предложија можната размена на пикови за драфтот и ние да имаме предност во наредниот избор вгодина”.



