Новак Ѓоковиќ по четврти пат ја доби престижната награда „Лауреус“ за најдобар спортист на планетата за 2018 година на големата церемонија која се одржа во Монте Карло.
Во конкуренција за наградата беа и Лука Модриќ , Ле Брон Џејмс , Луис Хамилтон , Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.
Гимнастичарката Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка на светот , додека наградата за животно дело ја доби Арсен Венгер.



