Кошаркарите на Партизан после големата драма во Ниш, дојдоа до голем триумф над Црвена Звезда со резултат од 76:74 за одбрана на куп титулата од минатата сезона. Кошаркарите на Партизан по првото полувреме имаа позитива од четири поени каде што беше 37:33.
Црвена Звезда беше подобриот тим во третата четвртина затоа што тој период од играта го завршија во своја полза од 24:18 и во последните десет минути од финалето влегоа со два коша позитива, односно со резултат од 57:55.
,,Црвено-белите” во воведните минути играа на високо ниво, а потоа на спротивната страна на сцена стапи Џек Лендал кој врза 7 поени по ред и го доведе Партизан повторно во водство. Во невидена досега неизвесна завршница Звезда имаше нерешен резултат и на праг беше да се играаат додатни пет минути продолженија, но Партизан преку Лендал изнуди две слободни фрлања кој истиот кошаркар успешно ги реализира за конечна победа од 76:74.
,,Црно-белиот” победнички тим го предводеа двоецот Џек Лендал и Ален Ренфро со по 18 постигнати поени, додека во поразената екипа исто така Барон беше најефикасен со 18 поени и 4 скока, додека зад своето име Регланд и Давидовац запишаа по 17 поени.



