Во рамките на 22. коло од турската прва лига се одигра македонското дерби помеѓу Фенербахче за кој што Елиф Елмас настапи од 84. минута и Коњаспор на Адис Јаховиќ и Леонард Жута, двајца македонски интернационалци со лоша увертира на натпреварот, затоа што Жута во 13. минута избегна погубен старт од Шкртел кој судијата наместо со црвен го окарактеризира само со жолт картон, а Јаховиќ во 33 минута доби директен црвен картон поради нагазување на противнички играч, што е од една страна и сомнителна одлука на главниот судија. Инаку натпреварот заврши со резултат од 1:1 и поделба на бодовите.
Видео: Стартот на Шкртел над Жута
Martin Skrtel, bu pozisyonda sarı kart gördü.
Tüm Goller için • @KramponSport pic.twitter.com/RpRsWYRXCP
— Krampon Media (@KramponUefaTV) February 16, 2019
Фото: Ногата на Леонард Жута по погубниот старт на противничкиот дефанзивец



