Во 18 коло на шпанската АСОБАЛ лига тимот на Дарко Димитриевски, Синфин на домашен терен одигра нерешено 32:32 против тимот на Хуеска. Нашиот ракометар Дарко Димитриевски одигра повторно на високо ниво и беше стрелец на 3 голови, со одлична игра во одбраната на својот тим. И по ова коло Синфин останува на седмото место на табелата во АСОБАЛ лигата.
Во рамките на третото коло од плејофот во Словачка тимот на Татран Прешов стигна до третата победа со 29:18 (полувреме 15:5) против тимот на Пјештани. Никола Костески кој настапува за тимот на Татран повторно беше помеѓу најпрецизните ракометари во својот тим со 3 погоци. Најефикасен играч на натпреварот беше Хрстка со 5 голови. 



