Во рамките на 24. коло од Примера, Леванте на гостувањето кај Селта Виго дојде до многу важна победа со која што се зацврстува на средината на табелата, а крајниот резултат гласи 1:4. Леванте постигна два гола во двете полувремиња, каде што во првиот дел стрелци беа Моралес и Коке на асистенција на Рочина.
Додека во вториот дел Моралес повторно постигна гол на асистенција на Мајорал, а токму Борха Мајорал беше стрелец на четвртиот гол за Леванте и тоа на асистенција на Енис Барди. Почесниот гол домашните фудбалери на Селта го постигнаа од пенал во 88. минута преку Мендез.



