Искусниот долгогодишен успешен тренер Ѓоко Хаџиевски како во македонски рамки така и на меѓународно ниво му е доверена функцијата спортски директор во струмичка Беласица. Во првата полусезона Беласица се позиционира на последната позиција на табелата во ПМФЛ со само 17 освоени бода и од таа причина струмичани се засилуваат како во играчките редови така и во раководните структури.
Хаџиевски од странските ангажмани има искуство од Азербејџан, Грција, Бугарија, Србија, Јапонија, Саудиска Арабија, а последниот професионален ангажман му беше во ОАЕ. Инаку во еден период беше и селектор на Македонија. Македонската прва фудбалска лига означува старт викендов, поточно во недела, а ФК Беласица и гостува на ФК Победа во дербито на дното затоа што прилепчани се претпоследни и со исти број на бодови како и Беласица.



