Душан Савиќ, Марио Маслаќ, Матеус Оливеира Да Силва, Мартин Мирчевски и Христијан Денковски се новите засилувања на ФК Беласица за преостанатиот дел од оваа сезона.
Душан Савиќ по 14 години, повторно се враќа во ФК Беласица. Искусниот Савиќ кој и е добро познат на струмичката но и македонската фудбалска јавност, изминатиот дел од оваа сезона настапуваше во српскиот суперлигаш ФК Земун. Во минатото Савиќ покрај Беласица, исто така го носеше дресот и на прилепска Победа, ФК Вардар и ФК Работнички, a зад него има и богата интернационална кариера. Исто така го носеше дресот и на македонската фудбалска репрезентација.
Mарио Маслаќ ќе биде огромно засилување на штоперската позиција за преостанатиот дел од оваа сезона. Марио ни доаѓа од ФК Рига, Латвија, а во изминатиот период има настапувано и за српските екипи Војводина, Борац Чачак, Ветерник, како и за хрватската екипа ФК Осиек.
Матеус Оливеира Да Силва, 21 годишниот бразилец, ни доаѓа од ФК Гремио Новоризонтино од Бразил, и игра во шпицот на нападот.
Во минатото Матеус беше дел и од младинската школа на ФК Порто.
Мартин Мирчевски го носеше плаво белиот дрес минатата сезона додека ФК Беласица се натпреваруваше во Втора МФЛ. Мартин беше дел од ФК Беласица една полусезона, а во изминатите шест месеци беше дел од ФК Трепча од Косово.



