Денеска по повод настапот во второто коло од ЕХФ купот на РК Еурофарм Работник против унгарска Татабања клубот одржа прес-конференција во која што искажа оптимизам и очекувања во пресрет на евро-натпреварот во Битола кој е закажан за во недела од 19.00 часот.
Тренерот на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ изјави: ,,Еурофарм Работник е единствена екипа во групата која е во процес на создавање на екипата. Сите наши противници имаат 90% ист ростер, ист тренер и ист систем од минатата година. Тоа е наш хендикеп, но не сакам да помислите дека немаме шанси. Верувам во екипата и покрај кадровските проблеми. Додека не победиме некој од ривалите, ќе бидеме незгоден ривал, а потоа ќе не сметаат за сериозна екипа. Чурлевски и Петровски се неизвесни, а Стјепановиќ и Пецаковски тренираат нормално. Татабања е екипа составена од ракометари од четири земји. Самиот податок дека го совладаа Веспрем, говори каква екипа се”.
Ракометарот на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски изјави: ,,Да бевме малку поискусни ќе извлечевме и нешто повеќе во Германија. Но, за нас тој меч е минато и сега мислиме само на Татабања. Квалитетен и искусен тим се, сите скоро се двометраши и нема да ни биде лесно. Имаме одлична атмосфера, напорно работиме и со помош на публиката верувам во позитивен резултат”.
Фото и извор: http://rkeurofarmrabotnik.com



