Францускиот произведувач на суперавтомобилите ,,Бугати” на претстојниот саем во Женева,Швајцарија треба да го изложи најскапиот некогаш произведен сериски автомобил вреден 16 милиони евра. Овој луксузен и скап автомобил го нарачал 81-годишниот Фердинанд Пих, инаку екс директор на ,,Фолксваген” внук на Фердинанд Порше.
Овој автомобил се произведува во неколку примероци во Франција, а моторот и техниката се германски. Од 0 до 100 километри на час развива за 2.5 секунди. Годишно одржување на Бугати е околу 19.000 илјади евра. Нови гуми чинат 29.000 илјади евра, а ако сакате да го осигурате овој автомобил би ве чинело 6.000 евра месечно или годишно 72.000 евра.



