Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди повеќе не е капитен на Интер. Од денеска тимот од Милано има нов капитен, а тоа ќе биде словенскиот голман Самир Хандановиќ. Словенскиот голман стекна статус на легенда во тимот и сосема очекувано кога веќе се менува Икарди тоа да биде нов капитен Хандановиќ.
Сепак оваа одлука ја шокираше јавноста како и самите играчи вo клубот, затоа што аргентинецот беше долго време во улога на капитен и лидер. Од друга страна Марота знае нешто повеќе од останатите и можеби е ова потег што најавува дека Икарди наскоро ќе има нов клуб и дека не е случајно одземањето на капитенската лента.



