Каратистите на Македонија Петар Спасеновски и Доан Османи станаа Европски шампиони во У21 во своите категории на Европското првенство во помлади категории кое се одржува во Данска. Петар Спасеновски во финалето во категоријата (-84 килограми) го победи Ади Ѓуриќ од Словачка. Додека Доан Османи во финалето на -75 килограми беше подобар од Никита Белјавски од Грузија.



