Во второто коло од плејофот на Словачкиот шампионат тимот на Татран Прешов стигна до победа против најголемиот конкурент за титулата ХКМ Шала со 33:26 (полувреме 16:12).
Нашиот интернационалец Никола Костески и денес беше помеѓу најдобрите поединци во својот тим. Тој денес постигна 5 голови (1 од пенал) и имаше 3 украдени топки. Најпрецизен во тимот на Татран денес беше Рабек со 6 голови, а покрај Костески по 5 голови дадоа Хрстка и Буторац. Во тимот на ХКМ Шала најефикасен беше Фодореан со 7 голови.
По оваа победа тимот на Татран Прешов го презеде врвот на табелата токму од тимот на ХКМ Шала.
Додека Никола Костески после второто коло се израмни на врвот на листата на најдобри стрелци со Доминик Крок (Татран Прешов) и Микола Мелник (ХКМ Слован) со по 12 голови. 



