Фудбалската легенда на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс ја доби првата тренерска самостојна работа и тоа во четвртолигашот Олдам Атлетик. Сколс има 10 % акции во нисколигашот Салфорд Сити, заедно кој го има со Рајан Гигс, Гери Невил, Фил Невил и Ники Бат.
Од таа причина што освен тренерска дејност има и акции во клуб мораше 44-годишниот Сколс да добие официјална дозвола од Англиската лига за да може да биде тренер на Олдам, затоа што не е дозволено во исто време еден човек да има активна улога во два различни клуба истовремено.
Решението од фудбалската асоцијација на Англија е дека Пол Сколс има второстепена улога во клубот Салфорд и може да ја преземе екипата на Олдам Атлетик. Но затоа Сколс не смее во клубот да доведе нити едно засилување од Салфорд.
Неговото досегашно искуство после играчката кариера е помошник пред пет години на Рајан Гигс во Манчестер Јунајтед, а потоа беше телевизиски аналитичар. Во својата богата кариера играше само за Манчестер Јунајтед и освои многу титули и поединечни награди, а се смета за еден од најдобрите светски фудбалери од средниот ред.



