Вечерва во Ауди Арената во Ѓeр се одигра натпревар од првото коло на ЕХФ Купот во групата Б помеѓу Унгарскиот тим Татабања и Нексе од Хрватска. Победа на крајот славеа гостите од Нашице со 27:28.
Натпреварот почна многу лошо за тимот на Нексе и водството на домаќинот се зголемуваше од минута до минута, додека во еден момент Татабања не поведе со 12:6. Тренерот Хрвоје Хорват ги покани играчите на минута одмор во која се обиде да ги ресетира играчите и да ја врати играта.
Тоа во еден момент и даде ефект, бидејќи во 20 минута од првото полувреме со головите на Вида, Јаман и Јелиниќ резултатот се намали на 15:13. Опасноста ја препозна тренерот на Татабања, кој по тајмаутот ги врати во игра домаќините и водството се врати повторно на +4. Така и се замина на полувреме со 18:14 за Унгарците.
Во второто полувреме после водството на Татабања од 20:15 на сцена стапи голманот Морено Цар кој со неколкуте одбрани како и головите на Гаџа и Јелиниќ успеваат полека да се вратат во натпреварот.
Во последната минута, по одличните инструкции на тренерот Хорват Нексе успева најпрво да израмни на 27:27, па голманот Морено Цар го брани одлучниот удар на Татабања. Во пoследните 15 секунди за напад, Нексе успеа преку Либан да погоди и да слави многу важна победа на гостински терен.
GRUNDFOS TATABANYA KC – RK NEXE 27:28 (полувреме 18:14)
Сала: Audi Arena Györ
Судии: Рикард Камбро, Јасмин Клик
Делегат: Ајберк Дилмен
Татабања:
Божовиќ 4, Паштор 3, Вујовиќ 8, Јухас 2, Сипос 1, Рознер, Наѓ, Секели, Борзас 1, Бартуч, Илиес, Роста, Григорас 5, Днес, Фекете, Врањеш 3
Тренер: Владан Матиќ
Нексе:
Лелиќ, Шипиќ 4, Гаџа 6, Ливан 1, Етер, Зрниќ 4, Мрѓенович, Баришиќ Јаман 2, Кар, Бувиниќ 3, Јелиниќ 6, Вид 1, Лончар 1, Лавриќ, Томиќ, Јагањац
Тренер: Хрвоје Хорват
СЕДМЕРКИ: Татабања 3/3 (Вујовиќ 3/3), Нексе 3/4 (Зрниќ 3/4)
Исклучувања: Татабања 8 минути (Божовиќ, Борзас, Врањеш 2 + 2), Нексе 12 минути (Гаџа, Мрђевић 2 + 2, Лаврич 2 + 2, Томиќ)



