Македонскиот каратист, Бојан Костов стана вицешампион на Европа откако во финалето на ЕП за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Алборг (Данска) загуби од Русинот Ахмет Ахмедов со 0-8. Младиот Костов, кој се натпреварува во категоријата до 52 килограми, до финалето извојува четири победи – против Себастијан ван Тефелен (Холандија), Јакуб Цернички (Словачка), Матеа Бустеми (Италија) и Мухамед Оздемир (Германија).



