Телото кое го има оформено ФИФА за воведување на иновативни правила во фудбалот повторно стапуваат во акција. Овој пат се работи за решение кое ќе заштеди време при замена кои ги вршат тренерите.
Често знаат фудбалерите кои треба да излезат од игра да се оддалечат на најдалечно место и им треба многу време додека го напуштат теренот. Сега тоа ќе биде регулирано со ново правило каде што играчот што треба да ја напушти играта ќе излегува на најблиското место од линиите кои го означуваат теренот, а со тоа ќе се заштеди време.



