На отворањето на вториот дел од сезоната во регионалната СЕХА Гаспром лига ППД Загреб го совлада Металург со резултат од 36:24 каде што најистакнат поединец во хрватскиот тим беше босанскиот репрезентативец Сенјамин Буриќ со 7 постигнати гола.
Буриќ се враќа по тешката повреда на коленото која го оддели од паркетот повеќе од една година, а сега се враќа во вистинска форма. Освен тоа неговото враќање на терен е проследено со трансфер па од ППД Загреб потпиша за француски Сесон Рен.
Овој француски клуб е ракометна област кој е во непосредна близина на Нант на одддалеченост од стотина километри. Пикерот ќе ја одработи ова полусезона во ППД Загреб, а од лето ќе настапува за Рен каде има потпишано едногодишна верност кон клубот.



