Милош Теодосиќ повеќе не е член на Лос Анџелес Клиперс, потврдуваат американските медиуми. Теодосиќ во ,,Градот на ангелите” пристигна како еден од најактрактивните плејмејкери, но сепак не се наигра во овој НБА тим.
Лос Анџелес Клиперс се ослободува со неколку кошаркари, а меѓу нив е Теодосиќ, а друштво ќе му прават Марјановиќ и Херисон кои се трампани во тимот на Филаделфија и на овој начин сакаат да ослободат повеќе финансии за слободни играчи за претстојното лето. Српскиот плејмејкер се поврзува со неколку понуди од европски клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.



