Во второто полуфинале од шпанскиот Копа Дел Реј помеѓу Реал Бетис и Валенсија по првиот натпревар резултатот гласи 2:2, иако Бетис водеше со 2:0 со головите на Лорен во последните моменти од првиот дел и прекрасниот гол за 2:0 на Жоакин директно од корнер во 54. минута.
Во последните дваесетина минути гостинските фудбалери заиграа поофанзивно и направија замени кои се покажаа клучни во постигнувањето на позитивното за нив реми откако имаа негатива од два гола.
Откако во вториот дел доби шанса францускиот напаѓач Кевин Гамеиро најпрвин асистираше на Черишев во 70. минута за намалување на 2:1, а потоа самиот постигна гол во судиското продолжение за реми од 2:2 и одличен резултат за реванш дуелот кој ќе се игра во Валенсија на ,,Месталја”.



