Дани Димитровска го промовираше видеото за песната „Време“. Видеозаписот кој е снимен на повеќе локации во и надвор од земјава, е дело на Чедо Поповски. Автори на песната се тандемот Весна Малинова Бабамов (музика и текст), и Киро Бабамов (аранжман). Продукцијата ја потпишува Дејан Момировски од ХХЛ студио. Овој спот и песна е најава големиот солистички концерт по повод две децении музичка кариера Рок Симфонија во Македонската филхармонија закажан за 7 март.



