Во НБА е во тек трејд помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Филаделфија Сиксерс, каде што е вклучен српскиот горостас Бобан Марјановиќ, кој заедно со Тобиас Харисон и Мајк Скот ќе премине во Филаделфија, додека во обратен правец ќе заминат Лендри Шамет, Мајк Мускала, Вилсон Чендлер, како и првиот пик на драфтот во 2020 година, но и незаштитениот пик од првата рунда во 2021 година и два други пика од втората рунда. Потврдата на оваа трампа се очекува наскоро.



