Во националниот парк Масаи Мара во Кенија, сафари водичот Џошуа Лонкушжу снимил несекојдневно видео. На него лав ѝ се приближува на една заспана лавица, ѝ се прикрадува одзади и во еден миг решава да ја гризне. Најверојатно и се покајал поради тоа, бидејќи го извлече подебелиот крај. Кога ги почувствувала неговите заби, лавицата се разбудила и во истиот миг скокнала да го напаѓа и гребе.



