Локана е град во Италија што нуди 9.000 евра по човек за да се преселите и да живеете таму. Понудата за живеење во напуштените куќи која порано важеше само за италијански државјани, сега е проширена и на останатите. Градоначалникот на ова место Џовани Матие, ја спроведува кампањата поради брзиот пад на населението од 7.000 жители во раните деведесетти години до едвај 1.500 денеска и се надева дека ќе привлече млади луѓе кои работат од дома или сакаат да почнат нова работа во рурална средина. Меѓутоа секој кој сака да живее во оваа мало гратче или село мора да има дете и годишна плата од најмалку 6 000 евра.
Со оглед на тоа дека Локана е сместено во срцето на паркот Гран Парадисо, имате загарантирана богата природа и чист воздух и има голем потенцијал за повторно оживување благодарение на чистата енергија од хидроелектраната која се продава на државата.



