Себастијан Џовинко е нов фудбалер на Ал Хилал од Саудиска Арабија. Во ова првенство ќе има судир против Ферхан Буба Хасани кој што настапува за Ал Раед. Привремениот репрезентативец на Италија беше спектакуларно пречекан во новиот клуб пред полни трибини и голема еуфорија.
Претставувањето се случи на полувреме на првенствен натпревар на Ал Хилал, каде што фановите на овој клуб беа воодушевени од новото засилување кој е екс фудбалер на Јувентус, а последен клуб му беше Торонто во МЛС лигата. Висината на трансферот сеуште не е познат како ни платата која ќе ја зема Џовинко, но нема сомнеж дека се работи за вртоглава цифра.
🎥 SEBASTIAN GIOVINCO 🤩
All The Best 🙏🏼💙 pic.twitter.com/6w6tNSiQ1q
— نادي الهلال السعودي (@Alhilal_FC) February 4, 2019



