Вест Хем и Ливерпул ремизираа на последниот натпревар од 25. коло во Премиер лига. Гостите од Ливерпул втор пат по ред во првенството одигруваат реми со резултат од 1:1 и на тој начин Манчестер Сити сега им дишат во ,,врат” каде сега Ливерпул има само три бода предност.
Доколку на следниот натпревар ,,Граѓаните” го совладаат Евертон бодовно ќе се израмнат со тимот од Енфилд. Црвените од Ливерпул поведоа против Вест Хем со 0:1 во 22. минута со голот на Садио Мане, каде што од очигледен офсајд беше постигнат голот, но судиите направија огромна грешка и пропуст. Напаѓачката игра на домашните фудбалери кои имаа посериозни шанси за гол резултираа со израмнувачки гол преку Антонио за поделба на бодовите од овој меч.
Видео: Вест Хем 0 – 1 Ливерпул стрелец Мане
Видео: Вест Хем 1 – 1 Ливерпул стрелец Антонио



