Денеска од 15.00 часот на подготовките во Анталија,Турција ,,Романтичарите” ќе го имаат третиот пријателски дуел воедно и со најсилен досегашен противник, а се работи за белградска Црвена Звезда која учествуваше во групната фаза на Лига шампиони и суверено го чува лидерското место во домашното првенство.
ФК Работнички одработи два меча со половичен успех, каде што против Субартало македонската екипа триумфира со 2:1, додека ,,Римантичарите” против тимот на Поханг Стилерс загуби со 2:1.
Сите овие натпревари служат за воигрување на тимот и да добијат шанса што поголем број на фудбалери кои би се наметнале за продолжението на втората полусезона во нашата македонска прва лига. Од овој натпревар ќе има телевизиски пренос на „Арена Спорт 1“.



