Олимпик Лион во дербито на 23. коло во француската Лига 1, на свој терен го совлада неприкосновениот тим на ПСЖ со 2:1. ,,Лавовите” од Лион на тој начин му го нанесија првиот пораз на тимот од Париз во првенството.
До триумф домашните фудбалери дојдоа прку пресврт затоа што први до водство стигнаа парижаните со голот на Анхел ди Марија во 7. минута. Израмнувачкиот гол стигна во 33. минута преку Дембеле каде го искористи невниманието на голманот Ареола и ја затресе мрежата за реми на полувреме.
Целосниот пресврт се случи на стартот на второто полувреме, односно во 49. минута кога капитенот на ПСЖ Тиаго Силва направи прекршок за најстрога казна, кој што пак капитенот на Лион, Фекир го реализира за 2:1 резултат кој се покажа како конечен на овој натпревар. Со овој триумф Лион е на трето место, додека ПСЖ и понатаму е сигурен лидер на табелата и главен фаворит за одбрана на шампионскиот трофеј.



