Во дербито на 25. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити го совлада Арсенал со рутински 3:1. На најдобар начин ,,Граѓаните” го отворија натпреварот со водство веќе по само 46. секунди игра со голот на Серхио Агуеро.
До израмнувачки гол гостите стигнаа во 11. минута со погодокот на стоперот Кошчелни кој со глава најумешно се снајде во противничкиот петерец. За ново водство домашните фудбалери се погрижија со нов гол во 43. минута, а беше дело на Серхио Агуеро.
Сите надежи дека Арсенал ќе стигне до поволен резултат ги поништи Серхио Агуеро во 61. минута за 3:1 и овој резултат се покажа како конечен, инаку хет-трик постигна аргентинскиот голгетер и сосема заслужено беше прогласен за најдобар поединец на овој меч.
Интересен статистички податок од ова дерби е тоа што во второто полувреме Манчестер Сити имаше 13 директни удари кон голот, додека Арсенал ниту еднаш во вторите 45 минути не се обиде да шутне кон противничкиот гол што е поразувачки податок за тимот кој од клупата го предводи Енаи Емери.
https://www.facebook.com/f00tballdrama/videos/397983134286799/?t=13



