По единаесет одиграни натпревари баделки остануваат непоразени во првата женска македонска кошаркарска лига. Во дербито на12-тото коло со ЖКК Работнички, ЖКК Бадел1862 забележа триумф со резултат од 74:58 по четвртини (19:12,19:8, 20:20 и 16:18).
Во домашната екипа најефикасна беше Сандра Лазареска со постигнати 23 поени, веднаш по неа Сања Адамовска со 21 поен, Катерина ПопДимитровска 8, Наталија Секуловка 7,Сара Петровска 6, Сара Максимовска 5 и Наталија Гаревска 4 поени.
Од противничката екипа најефикасна беше Форка Георгиевска со постигнати 17 поени. Наредниот викенд баделки играат против ЖКК Гостивар во Гостивар. Баделки се неприкосновени оваа сезона и нема противник кој ќе му застане на патот кон нова шампионска титула.



