Во рамките од 14 коло од СЕХА лигата тимот на Нексе го совлада тимот на Татран Прешов со 27:22 (полувреме 14:9). Македонскиот интернационалец Никола Костески одигра одличен меч и постигна 3 гола од 3 обиди од игра и имаше 1 асистенција, а промаши и 1 пенал.
Покрај Костески по 3 голови во тимот на Татран имаа и Хрстка, Лапајне и Страновски. Најдобар играч на денешниот натпревар беше голманот на Нексе, Морено Цар со вкупно 11 одбрани, помеѓу кои и сите четири седмерци на гостите од Прешов.
НЕКСЕ
ТАТРАН ПРЕШОВ




