Манчестер Јунајтед 10 натпревари е без пораз откако на клупата седна норвежанецот Оле Гунар Солскјер, овој пат во рамките на 25. коло ,,Црвените ѓаволи” дојдоа до минимална гостинска победа од 0:1 над Лестер Сити со единствениот гол на Маркус Рашфорд кој го постигна во 9. минута. Во периодот кој следи имаат низа на тешки натпревари фудбалерите на Манчестер Јунајтед.



