ФК Вардар се комплетира и се екипира, воедно се мобилизира за пролетниот дел од македонската прва лига. Како прв чекор дојде отплатувањето на долгот кон УЕФА, а потоа за спортски директор беше назначен играчката легенда на клубот Бобан Грнчаров. Сето ова е само почеток кон враќањето на старите победнички патеки, а за таа цел на клубот му се потребни квалитетни фудбалери.
Затоа ФК Вардар му посака добредојде на старо-новото засилување бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе Алвес Рибеиро кој по 6-месечна авантура во Казакстан во тимот на Кајрат се врати во ,,Црвено-црните” редови со кој ја достигна својата врвна форма и историски за прв пат со македонски клуб заигра во групната фаза во Лига Европа. Освен со Фелипе, свој кам-бек во Вардар има со камерунскиот интернационалец Кларенс Битанг.



