Вчера во СЦ “Билјанини Извори” Еурофарм Работник во пријателски натпревар го победи Охрид со 31-22 (полувреме 16-14). За Битолчани ова беше генерална проба пред почетокот на групната фаза во Купот на ЕХФ, додека за Охрид убава можност да се одмерат силите со поквалитетен тим додека траат подготовките за пролетната сезона во Суперлигата.



