Барселона бара нов напаѓач кој ќе биде замена за 32-годишниот уругвајски репрезентативец Луис Суарез и нема да се задоволи само со доведувањето на Кевин Принс Боатенг, а алтернативата во нападот ја пронајдоа во младиот Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт, а во минатото ги бранеше боите на Црвена Звезда.
Исто така Реал Мадрид бара ново решение во нападот и голгетерската криза ќе ја решава со српскиот репрезентативен напаѓач Јовиќ кој сеуште е фудбалер на Бенфика но го има позајмено на Ајнтрахт кој има право да го откупи за 12 милиони евра и потоа повеќекратно да го наплати на големите гиганти кои се заинтересирани за неговите услуги. Оваа информација ја потврдува и медиумот шпанска ,,Марка” која е блиска со кралскиот клуб.



