Според пишувањата на локалните медиуми од Манхајм,Германија левото 33-годишно крило, Уве Генсхајмер кој е германски репрезентативец и член на француски ПСЖ ќе направи трансфер во својот матичен клуб Рајн Некар Левен за кој има настапувано цели 13 сезони во овој клуб, пред да замине во ПСЖ каде што веќе три сезони го носи дресот на ,,Светците” од Париз.
На штотуку завршениот Мундијал, Генсхајмер со Германија загуби за третото место од Франција и ја зазедоа четвртата позиција. Исто така пред неколку дена германските навивачи на сред натпревар му пееја песна: ,,Еднаш лав, засекогаш лав” што е асоцијација за клубот од Манхајм кој по прекар ги нарекуваат ,,Лавови”. Промоцијата ако се биде во најдобар ред ќе се случи веќе утре.



