Германскиот првак Турингер на домашен терен во Лигата на шампионите го пречека Ференцварош и загуби со 32:35. Нашата репрезентативка која настапува за Турингер Јована Саздовска одигра солиден натпревар и погоди два пати во мрежата на гостите од Унгарија.



