На ,,Стемфорд Бриџ” во 1/16 финалната фаза на англискиот ФА куп Челзи го елиминира тимот на Шефилд со рутински 3:0 кој се натпреварува во Чемпионшип. Маурицио Сари му овозможи на неговиот нов напаѓач Гонзало Игуаин да дебитира, а аргентинскиот напаѓач за 80 минути поминати на теренот имаше солидна одиграна партија со 3 упатени удари кон противничкиот гол и 30 допири со топката.
Во првото полувреме имаше пенал за Челзи и Вилијан во тој момент му ја понуди на Игуаин можноста да шутира пенал што аргентинецот категорично одби. Трите гола за сините од Лондон ги постигнаа Вилијан како двоен стрелец и младиот Хадсон Одои.



